Филипов: Не се сеќавам дека некогаш човек кој изразил бугарска определба имал некакви проблеми

од Stefanija Kuzmanovska

Не се сеќавам дека било кога некој човек кој што изразил бугарска определба, национална или етничка, имал некакви проблеми. Дури и доаѓам од област во која што некои луѓе и се изразиле како Бугари, па никому ништо, уште пред 50 години, така што веројатно постои некоја друга причина, изјави во СТУДИО 10 поранешниот амбасадор Ѓорѓи Филипов.

„Причината е можеби неодвивање на нештата како што си ги замислила Бугарија во врска со тој договор за пријателство и приближувањето на моментот кога ќе треба да се продолжи со процесот на скрининг и моментот кога во Македонија можеби навистина ќе се постигне согласност, во која што јас искрено верувам, да се вметнат Бугарите во Уставот. Така што тоа би била последната пречка која би можела да влијае на самата ЕУ за да евентуално не продолжат со преговорите“, истакна тој.

Ако се ближи тој момент, наведува Филипов, а некој замислува дека тоа нема никогаш да се случи или не треба да се случи додека С. Македонија не се натера да се однесува онака како што некој замислил, можеби е тоа израз на нервоза.

„Ова е израз на нервоза и последен потег пред таа случка. Ако тие имаат проценка дека навистина може да влезат Бугарите, тогаш последната пречка за продолжување на преговорите се отстранува и евентуално сега со овие вакви потези и слични најави и закани итн. има за цел да се предизвика нервозна реакција на нашата страна, на македонска страна, за да се има подлабока причина која што би ја убедила Европа“, заклучи поранешниот амбасадор.

Слични содржини