Филиповска Грашкоска: Сите наводи за евентуални прекршувања на протоколите ќе бидат проверени

Со оглед на тоа дека се крена прашина во јавноста, за прославата на ДУИ во просториите на Министерството за политички систем и односи помеѓу заедниците, на денешната прес конференција, претседателката на инспекцискиот совет, Магдалена Филиповска Грашкоска, посочи дека сите инспекторати постапуват неселективно и дека сите наводи за прекршување на протоколите ќе бидат проверени.

Од друга страна, директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Ирина Бухова ја префрли топката и потенцираше дека истите наводи се одговорност односно надлежност на трудовиот инспекторат.

За потсетување, по настанот на ДУИ и партискиот собир, министерот за надворешни работи, Бујар Османи посочи дека немало никакви прослава ниту пак прекршување на протоколите, додека Артан Груби, инаку прв вицепремиер и министер за политички систем и односи со заедниците, потенцираше дека фотографијата без маски е само еден миг, во којшто се одбележало изненадувањето наменето за претседателот на партијата, Али Ахмети.

Слични содржини