Филиповска-Грашковска: Зголемени инспекциските надлежности, и покрај помалиот дел на прекршоци

Иако мал дел, сепак бројот на прекршувања на протоколите кои се детектирани, за што се потврдува тоа дека се зголемени надлежностите на инспекциските служби кои го даваат својот резултат при почитувањето на овие протоколи, истакна на денешниот прес претседателката на Инспекцискиот совет, Магдалена Филиповска-Грашкоска.

Во споредба со изминатиот месец, како што информираа, забележано е намалување на прекршувањата на протоколите кои се утврдени со Законот за заштита на населението од заразни болести.

„За споредба во октомври кога инспекторите немаа надлежности да забрануваат вршење на дејност поради непочитување на ковид протоколите од вкупно извршени 6963 надзори и 6123 контроли беа изречени 37 кривични пријави против угостителски објекти кои не ги почитувале протколите, а во ноември по донесување на измените на законот констатирани се неправилности кај пет угостителски објекти“, појасни Филиповска-Грашкоска.

Таа вели дека по скоро еден месец од стапувањето во сила на измените и дополнувањата на Законот за заштита на населението од заразни болести од страна на инспекторите од шесте инспекциски служби се извршени 10274 контроли и 5149 надзори.

„Притоа согласно Законот за заштита на населението од заразни болести во ноември инспекторите имаат изречено осум прекршочни пријави, 16 платни налози, 30 решенија и донесени се 39 858 решенија за изолација на заболени лица од коронавирусот и лица кои биле во контакт со заболено лице“, рече Филиповска-Грашкоска.

Слични содржини