Филиповски: СДСМ не беше во целост задоволна од Златко Марин

од Nikola Popovski

Сигурно партијата не е во целост задоволна од ангажманот на актуелниот градоначалник на Аеродром и мислам дека се изнајде решение каде што бев избран јас како личност кој што ќе проба да ги исполни ветувањата, рече кандидатот на СДСМ за општината, Александар Филиповски, одговорајќи на прашањето зошто е кандидат за градоначалник.

Тој најави дека ќе проба да ги исполни ветувањата од претходниот период, како и проектите од неговата програма.

-Првата работа ќе ми биде реорганизација на комуналните служби, а понатаму набавка на цистерни и садење на висококвалитетни дрвја, вети Филиповски.

Слични содржини