Филиповски замина: Партизан остана без тренер

од Nikola Popovski

Сашо Филиповски повеќе не е на чело на стручниот штаб на белградски Партизан, е епилогот од средбата помеѓу клубот и македонскиот тренер одржана овој понеделник.

Како што дознаваме, двете страни меѓусебно ја прекинале соработката, а официјалната потврда на клубот од Хумска се уште се чека.

Црно-белите ги очекуваат дуел на сезоната против францускиот Метрополитен во 6.коло од Еврокупот во среда (20.30 ч.), на неутрален терен во Љубљана и тоа ќе биде клучен натпревар за пласман на Партизан во четвртфиналето.

Тимот дефинитивно ќе го води поранешниот помошник тренер Александар Матовиќ на тој натпревар.

Ваквата одлука можеше да се претпостави преку ден, бидејќи Филиповски не го водел тренингот.

Играчкиот кадар се менуваше постојано, победничката формула не беше пронајдена и дека промените се неопходни беше јасно дури и по изјавата на Филиповски по поразот од Цибона, шести по ред во АБА-лигата.

loading...

Слични содржини