Филков: Најголем месечен паушал добиваат советниците на Град Скопјe

од Берта Китинска

Претседателите добиваат 30 % повисок паушал од советниците. Услов за да се исплати паушалот е во месецот да биде одржана барем една седница, вели новинарот Герман Филков од Центарот за граѓански комуникации во Студио 10.

-Најголем месечен паушал од една просечна плата од 24 илјади денари добиваат советниците на Град Скопје, но тие одржуваат и најмногу седници во текот на месецот. Од другите општини, највисоко платени се советниците во Кичево кои земаат 19 илјади денари месечно, а најмалку платени се советниците во Вевчани кои земаат малку помалку од 5 илјади денари месечно, вели Филков.

Само 12 општини исплатуваат понизок месечен надомест од законскиот максимум, а 15 општини одат дури и над тој лимит.

-Најмногу седници годишно одржува Град Скопје, лани дури 27, а најмалку 6 одржале во Центар Жупа. Просечно, општинските совети одржувале по 15 седници годишно.Износот на парите не е најстрашното тука, зошто се платени за тоа за што се избрани, но нивната одговорност и влијание се многу поголеми, зошто општинските советници имаат големо влијание. Сите овие што ги гледаме, Охрид, Унеско, мораториум во центар, Карпош, тие општински осветници ги изгласале тие планови. Тие имаат голема моќ.“ – вели Филков.Јавните набавки се купување на стоки и услуги од државните институции од приватниот сектор и се купува на тендер, рече Филков.

Слични содржини