Филмаџиите добија уверување од министерката за култура дека ќе им бидат вратени буџетските средства

од Nikola Popovski

Претставниците на филмските режисери и продуценти денеска се сретнаа со Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска во врска со барањето за повлекување на предлогот за кратење на буџетот за филмска дејност во тековната 2023 година и овозможување на користење на средствата од посебната сметка на Агенцијата за филм.

„Добивме уверување од министерката за култура дека ќе ни бидат вратени буџетските средства, но не во декември, како што првично беше најавено, туку во согласност со предвидената динамика на реализација на филмските проекти. Се надеваме дека повеќе нема да има вакви паушални кратења на финансиски средства без претходни консултациии со филмската фела и Агенцијата за филм, туку напротив, согласно со европските трендови, веруваме дека буџетот за филм ќе биде зголемен“, истакнаа филмаџиите.

Тие истакнаа и дека со министерката за култура била договорена дополнителна средба во однос на дефинирање на буџетот за филм во 2024 година, како и за други работи што ги засегаат филмаџиите, со посебен акцент на статусот на филмските работници, нивно здравстено и социјално осигурување, како и за неопходноста за донесување за нов закон за филм според европски стандарди.

Слични содржини