Филмски фестивал „Џифони патува во Гостивар“

од desk4

Филмскиот фестивал за млади „Џифони патува во Гостивар“ денеска и утре ќе се одржи на Меѓународниот универзитет „Висион“ во Гостивар.

Во текот на двата дена, младите уметници ќе гледаат филмови и ќе дебатираат под водство на актерот Сенад Абдули, кој ќе биде и ментор на актерската работилница. Работилницата за фотографија ќе ја води професорот Роберт Јанкуловски, а ментор на ликовната работилница ќе биде Моника Мотеска. Преку работилниците учесниците ќе имаат можност да ја развиваат својата креативност.

Најавено е дека фестивалот ќе го отвори гостиварскиот градоначалник Арбен Таравари.

Фестивалската програма „Џифони патува“ се одржува со финансиска поддршка од Агенцијата за филм и фестивалот „Џифони експириенс“ од Италија, во соработка со општина Велес и Италијанската амбасада во Скопје.

Фестивалот „Џифони патува“ во изминатиот период се одржа во Струмица, Кочани, Струга, Велес, Крушево, Берово, Тетово, Штип, Охрид, Битола и во Прилеп. Следната година фестивалот ќе продолжи да патува во останатите градови во Македонија.

Слични содржини