Филмски грабеж: Ограбиле рудник со злато, па избегале со авион

од Nikola Popovski

Група вооружени разбојници влегле во рудник за злато во северниот дел на Мексико и украле прачки од злато и сребро, а потоа избегале со мал авион, соопштиле од компанијата, која работи со рудникот.

Грабежот на рудникот Мулатос во Сауарипа се случил во средата наутро, во време кога работниците во компанијата „Минас де оро Насионал“, мексикански органок на канадската фирма Аламос голд, на авионска писта го подготвувале прачките за транспорт.

Одеднаш се појавиле разбојниците и ги ограбиле, и за околу десет минути со авион одлетале кон планини.

Локалните властите сега ги пребаруваат тајните аеродроми во областа за да го пронајдат авионот.

 

 

Слични содржини