Финалето на ЛЕ во 2028 ќе се игра во Белград, Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

од Milan1
155 прегледи

Во Белград, денска свечено беше означен почетокот на изградбата на Националниот стадион. Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, соопшти дека овој стадион за четири години ќе биде домаќин на финалниот натпревар во Лига Европа.

– Финалето на Лига Европа во 2028 година ќе се игра на Националниот стадион, соопшти Вучиќ.

Тој најави дека стадионот ќе биде готов за две години.

Националниот фудбалски стадион ќе има околу 52.000 седишта и ќе биде изграден според сите стандарди на УЕФА. Стадионот ќе биде изграден според архитектонскиот проект на Марк Фенвик.

Вучиќ истакна дека Србија со изградбата на Националниот стадион би можела да аплицира со Унгарија за организација на Олимписките игри и со Албанија за организација на Европското првенство за фудбалери до 21 година

– Ќе продолжиме да ја развиваме инфраструктурата, а планираме во иднина ние и Унгарија да аплицираме за Олимписките игри. Исто така со Албанија можеме да се кандидираме за организација на Европското првенство за фудбалери до 21 година, отворањето кај нив, затворањето кај нас, рече Вучиќ.

Слични содржини