Финска гласа за влез во НАТО

од Stefanija Kuzmanovska

Финска денеска ќе ја започне финалната парламентарна расправа за влез во НАТО, каде што се очекува што поскоро гласање за влез во воената алијанса, без да се чека соседна Шведска и претходната потврда на Турција и Унгарија, ниту пак изборите во април, пишуваат медиумите во ЕУ.

Владата на премиерката Сана Марин ја очекуваат избори на 2 април, па Хелсинки сака да избегне каков било политички вакуум за влез во Алијансата штом парламентите во Анкара и Будимпешта ќе го ратификуваат нивното барање за членство.

Тоа значи дека можеби нема да ја чека соседна Шведска, исто така кандидат за НАТО, која во моментов се соочува со вето на Турција.

По руската инвазија на Украина, Финска и Шведска се откажаа од својата повеќедецениска политика на воено неврзување и во мај минатата година поднесоа барање за приклучување кон Северноатлантскиот договор, потсетува агенцијата АФП.

200 пратеници во финскиот парламент денеска ќе одржат финална расправа за предлог-законот за влез во НАТО, а гласањето се очекува најдоцна до среда.

Слични содржини