Финска и Шведска денеска испраќаат делегации во Анкара

од Stefanija Kuzmanovska

Финска и Шведска денеска ќе испратат делегации во Анкара за да се обидат да го решат проблемот со Турција поради противењето на земјата за нивното членство во НАТО, изјави министерот за надворешни работи на Финска, Пека Хависто.

Хависто во Давос изјави дека дијалогот продолжува, пренесува „Ројтерс“.

Финска и Шведска поднесоа барање за членство во НАТО на 18 мај, но Турција се противи на нивниот влез во Алијансата.

Слични содржини