Финска со компромис: Датум за Северна Македонија паралелно со усвојување на новата методологија

од Vladimir Zorba

Финска како претседавач со Европската Унија  ќе предложи отворање на пристапните преговори  на Република Северна Македонија додека унијата во меѓувреме ќе работи на усвојување на, бараната од Франција, нова методологија за водењето на пристапните преговори. – пренесуваат медиумите.

Во новата методологија, според која би се воделе преговорите со сите нови кандидати, се предвидува реверзибилен процес, во кој земјата кандидат би била принудена повторно да отвори веќе затворено поглавје доколку биде детектирано назадување или недоволнен напредок.

За предлогот на финското претседателство вечерва ќе расправаат амбасадорите на ЕУ.

Засега не се знае дали предлогот на Финска ќе биде прифатен од Франција, која бара прво да се донесе новата методологија за процесот на проширување, а потоа да се додели датум за преговори за Северна Македонија и Албанија. Најверојатно е, пишуваат медиумите, дека конечната одлука сепак ќе се донесе на Самитот в четврток.

Владини извори велат дека со другите земји-членки нема ниту една дилема, три четири членки се за одвојување на Албанија, но од Владата брифираат дека кај нас е чисто.

Во изминатите денови се одржаа и други состаноци на КОРЕПЕР, а на последниот состанок три земји Франција, Холандија и Данска се уште немале став и затоа е закажан но за вечерва.

Холандија и Данска, брифираат од Владата имаат позитивен став кон Северна Македонија и се согласни со останатите земји-членки.

Според извори од Владата, ставот на Франција е последица на внатрешно-политичките превирања во Унијата, а не израз на незадоволство од сработеното во земјава. Велат дека официјален Париз нема забелешки во однос на реформите, кои досега се спроведени.

За можноста од евентуално недобивање одлука, велат ќе мора да се менаџираат внатрешните состојби на релација – власт – опозиција и додаваат дека ЕУ не смееме да ја користиме како помагало за решавање на домашните проблеми.

По препорака на ЕК за почнување преговори до Советот, тој носи одлука, го појаснуваат процесот од Владата. Но, прво почнува со расправа во КОВЕБ, каде расправаат  претставници на земјите-членки во групата за Западен Балкан, потоа се префрлува на КОРЕПЕР на ниво на постојани амбасадори, потоа на ниво на Совет за општи работи – на ниво на шефови на дипломатии, потоа оди на Европскиот совет, по што шефовите на државите носат одлука за почеток на преговори.

Откако одлуката ќе се донесе на ЕК и се дава мандат да подготви преговарачка рамка. Комисијата подготвува драфт преговарачка рамка за сите поглавја. Се одредува кои бенчмаркови се одредени за отворање на кое поглавје, кои се затворање и се пополнува 35 поглавје, кое е празно, односно е посветено на други прашања. Драфт-верзијата на преговарачката рамка се доставува до земјите-членки, при што секоја од нив може да ги внесе во неа своите позиции.

За очекување е, велат извори од Владата дека Грција во преговарачката рамка ќе го додаде Преспанскиот договор, Бугарија Договорот за добрососедство, некоја друга земја-членка ако има билатерално прашање или која било позиција во однос на земјата ќе го стави.

Потоа таа видеоизменета рамка оди на следниот самит, хипотетички во овој случај на самитот во декември и повторно Советот ја утврдува. Земјата може индиректно да влијае на рамката преку лобирање и има едно обраќање на меѓувладината конференција, каде може да каже став. Првата меѓувладина конференција е меѓу државната делегација , кај нас предводена од политичкиот преговарач и претставниците на сите земји-членки.

Почнува задолжителниот период на објаснувачки скрининг, по одржувањето на Меѓувладината конференција, кој трае околу 12 месеци, по што доаѓа билатералниот скрининг, кој трае исто така околу 12 месеци.

Предност на земјава, како што  е што појаснувачкиот скрининг е веќе во тек, почна од јули 2018. Поминати се 31 поглавје, а до декември се очекува да поминат сите.

Слични содржини