Финска усвои закон со кој се забрзува приемот во НАТО

од Stefanija Kuzmanovska

Финскиот парламент денеска усвои закон со кој се дозволува таа земја да стане членка на НАТО независно од Шведска, односно двете земји да не мора истовремено да станат членки на Алијансата.

Усвојувањето на овој закон не значи дека Финска автоматски ќе влезе во НАТО кога Турција и Унгарија ќе го ратификуваат нејзиниот прием во оваа организација, но носи краен рок до кој Финска ќе ја чека соседна Шведска истовремено да влезат во НАТО, пишува „Гардијан“.

Како одговор на руската инвазија на Украина, Финска се одлучи за воено усогласување минатиот мај со поднесување барање за приклучување кон НАТО.

Слични содржини