Фирмите замешани во аферата за шверц со дрога остана без лиценци

од Берта Китинска

Одземени се лиценците за  одгледување на канабис за медицински цели на двете компании кои се споменуваа во аферата за шверц на марихуана во која МВР и Американската служба за борба против дрога – ДЕА запленија  200 килограми марихуана во вредност од над 800 000 евра.

Станува збор за Друштвото за производство, трговија и услуги „Пхарма ЕУ ЛЛЦ“- увоз-извоз, ДООЕЛ Битола – Подружница „Пхарма ЕУ ЛЛЦ“- Прилеп и Друштво за производство, трговија и услуги „Медикал 420“ увоз-извоз ДОО Битола.

Портпаролот на владата Душко Арсовски објасни дека само фирмата  „Пхарма ЕУ ЛЛЦ“,  во Прилеп која работела незаконски и не ги исполнила до крај критериумите за добивање лиценца.

– Правното лице фримата од Битола со подружница во Прилеп работи спротивно на законот не обезбедила функционален 24 часовен видеомониторинг и не обезбедува пакување на сушениот цвет како што е определено  со закон како и извршиле несоодветно мелење и пакување на сувиот цвет при што контролата утврдила дека недостасуваат 531,91  килограм на пријавен сув цвет. Со тоа компанијата аправила кривично дело. Компанијата дополнитлено немала и доволен број на опрема и кадар што е услов за добивање лиценца – рече Арсовски.

Слични содржини