ФИТР ќе ги презентира проектите избрани на „Стартапувај 2“

од Aleksandar Petrovski

Фондот за иновации и технолошки развој денеска ќе ги презентира проектите избрани на јавниот повик „Стартапувај 2“, наменет за поддршка на стартап компании.

Презентирани ќе бидат проектите од првиот и вториот инвестициски бран, за кој беа обезбедени дополнителни средства од ФИТР.

На настанот што ќе се одржи на терасата на Музејот за соверемена уметност во Скопје согласно КОВИД протоколите, ќе присуствуваат вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, министерот за економија, Крешник Бектеши и директорот на ФИТР, Јован Деспотовски.

Слични содржини