ФИТР: Поддршка за над 150 ученици од целата држава за иновативни зелени проекти

од Берта Китинска

Десет проекти од основни и девет од средни училишта се поддржани во рамки на јавниот повик „Предизвик за млади истражувачи #4 – зелени проекти” што го објавија Фондот за иновации и технолошки развој и МОН, чија цел е поттикнување на креативното размислување кај децата и поддршка за истражувачки проекти базирани на научен метод.

-Во наредните 12 месеци тие ќе реализираат зелени проекти за зачувување и унапредување на животната средина и биодиверзитетот. Со овој повик уште еднаш потврдивме дека во државата има голем број талентирани ученици на кои им недостасува шанса да ги реализираат своите иновативни идеи, рече на денешната прес-конференција директорот на ФИТР Коста Петров.

Тој информира дека во овие проекти се вклучени 150 ученици и 38 ментори, а над 70 проценти од наградените проекти се од училишта кои прв пат се поддржани од Фондот за иновации. На повикот првонаградени се основното уличиште „Григор Прличев“ и средното училиште „Св. Климент Охридски“, двете од Охрид. И двете училишта прв пат добиваат поддршка од ФИТР.

-Младите покажаа висока еколошка свест, желба за истражување и тимска работа, како и потреба да стекнат нови вештини, рече Петров.

Министерката за обарзование и наука истакна Мила Царовска вели дека младите по природа сакаат да истражуваат, да видат што стои зад планината, постојано да ги истражуваат своите граници на делување во таа насока и оти тоа треба да им се овозможи.

-Ова го потврдуваат наградените ученици во рамките на јавниот повик. Нивните зелени проекти покажуваат енергија и идеи. Тоа беше и целта на јавниот повик што го отворивме со ФИТР за да може сите знаења кои учениците со наставниците ги стекнале по природните и техничките науки да можат да ги употребат, рече Царовска.

Овие наградени проекти, рече Цароска, нам како Министерство ни покажуваат дека ние треба понатаму да ги прошируваме инвестиците во младите кои сакаат да истражуваат и да ги прошируваат своите хоризонти.

Вкупниот фонд за овој предизвик изнесува 3.000.000 денари, а максималниот буџет за поединечен предлог проект треба да изнесува до 200.000 денари. За наставниците кои ќе ги водат ученичките тимови, ќе биде обезбедена награда во износ од 30.000 денари, наменети за набавка на дигитална опрема применлива во наставниот процес.

Слични содржини