Физичкото и психичкото здравје на жената страдаат поради недостаток на секс

од Stefanija Kuzmanovska

Долготрајната апстиненција од секс е штетна за физичкото и психичкото здравје на жената, тврдат експерти од Клиниката Мајо во градот Рочестер, Минесота.

Тие жени потешко се справуваат со стресот. Причината е едноставна: за време на сексот се ослободува ендорфин, кој е хормон на доброто расположение.

Исто така се ослободува и стероидниот хормон дехидроепиандростерон. Овој хормон е средство за зајакнување на имунолошкиот систем. Затоа недостатокот на секс води и до пад на имунитетот на жената.

Се зголемува особено ризикот од воспаление на уринарните канали.

Паралелно со ова, при помалку секс е можно зголемување на телесната тежина, појава на проблеми со меморијата. Познато е дека за време на сексот се зголемува активноста на хипокамп- зоните на мозокот одговорни за долгорочната меморија и формирањето на нови неутронски врски.

Според експертите важно е сексот да носи задоволство. Но статистиките покажуваат дека пред тоа се појавуваат различни пречки. Најчесто проблемите се јавуваат со зајакнувањето на самоконтролата и недовербата кон партнерот. Влијае и менструалниот циклус. Важна е и внатрешната хармонија, истакнуваат психолозите.

Слични содржини