Фјури не е 100% подготвен за судирот со Вајлдер?

од Vladimir Zorba

Џаван Стјуарт, тренерот на Тајсон Фјури, даде прилично алармантна изјава. Според него, „Циганскиот крал“ можеби не е 100% подготвен за реваншот со Дионтеј Вајлдер.

Дуелот е утревечер во Лас Вегас. Како што е познато, првиот натпревар помеѓу двајцата боксери се случи во декември 2018 година и заврши нерешено. И за Фјури и за Вајлдер ова беше прво реми во нивните професионални кариери. И двајцата се досега непобедени во рингот.

„Тајсон може е повреден, а може и не е. Никој не влегува 100% подготвен во борба. Јас сум едноставно искрен. Секој боксер, всушност во секој спорт, ако работите напорно, може да имате некаков вид повреда. Ова е вистината. Но, тоа не ги спречува. Тоа е дел од тоа да се биде шампион, дел од играта“, изјави тренерот за „BehindTheGloves“.

„Гледате како фудбалери паѓаат на теренот како да скршиле нога, а 45 секунди подоцна се креваат и повторно трчаат како ништо да не се случило. Јас мислам, дека им треба лекар. Играат со повреди, но продолжуваат да бидат конкурентни и да остават белег“, додаде тој.

Слични содржини