Фламини: Богатство од 30 милијарди евра? Тоа е грешка

од Vladimir Zorba

Посочениот за најбогат фудбалер во светот, Метју Фламини поднесе важно објаснување околу својот финансиски статус.

За Французинот се шпекулира дека поседува компанија вредна 30 милијарди евра, но се покажа дека ова е само идна цел.

„Прочитав дека сум побогат од Меси и Роналдо заедно и буквално се онесвестив. 30 милијарди евра? Тоа би било убаво ако е така. Тоа е вредноста на целиот пазар, кој се обидуваме да го завладееме. Засега сме само една мала компанија и јас немам толку пари, очигледно некој направил грешка“, објави Фламини.

Слични содржини