Flight Radar собори рекорд: Погледнете колку авиони имаше на небото пред една недела

од Stefanija Kuzmanovska

Онлајн сервисот FlightRadar, кој ги следи авионите во реално време преку нивните ADS-B транспондери, се пофали со рекорд.

Тие на Твитер објавија дека минатиот четврток следеле вкупно 251.829 летови, што било прв пат да следат повеќе од 250.000 летови во еден ден.

Бидејќи на северната хемисфера започна летната туристичка сезона, очекуваат наскоро повторно да биде соборен рекордот.

Секако, во коментарите веднаш се осврнаа на загадувањето на животната средина, коментирајќи дека авионите очигледно повеќе загадуваат од автомобилите.

Flightradar24 е веб-страница каде што можете да ги следите летовите низ светот во реално време и да дознаете информации како што се компанијата, моделот на авионот, рутата по која лета, брзината, висината и моменталната позиција на авионот. Сајтот го користи системот ADS-B, кој е опремен со околу 70 отсто од авионите во светот, па затоа најдобро се покриваат Европа и САД – што значи дека бројот на авиони во воздухот е уште поголем.

Слични содржини