Флик: Да се ​​биде селектор на Германија е нешто посебно

од Stefanija Kuzmanovska

Тренерот на Баерн Минхен, Ханси Флик потврди дека разговарал со челниците на Германската фудбалска федерација за преземање на тренерската функција.

Актуелниот селектор на Германија, Јоаким Лев, претходно најави заминување од таа позиција, по годинашното Европско првенство, а Флик му беше асистент од 2006 до 2014 година.

„Веќе имаше разговори и со Оливер Бироф. Имаше и други разговори. Да се ​​биде селектор на Германија е нешто посебно“, рече Флик.

Флик би можел да ја освои својата втора германска титула со Баерн денес, доколку баварскиот тим ја совлада Борусија Менхенгладбах.

Баерн може да стигне до титулата и доколку второпласираниот Лајпциг загуби од екипата на Борусија Дортмунд.

Слични содржини