Во Флорида почнаа реконструкцијата по ударите и кршот , предизвикани од ураганот “Ирма”, пренесе ББС.

Приближувајќи се кон Мајами, стихијата ослабна до тропска бура, но на голем број градови во државата беа нанесени големи штети.

Значителни средства од федералниот буџет ќе бидат вложени во расчистување на уништувањата наплата на електрична енергија, поправки на настраданите згради.

Ураганот остави без струја над 3.4 милиони луѓе . Само во Мајами беа прекинати 80% од високоволтовите далноводи, а големи области од градот беа поплавени.

Сепак експертите забележуваат дека окото на “Ирма” не го погоди градот и стихијата не предизвика катастрофални последици , за какви што имаше стравувања.

Во најголема мера настрадаа коралните острови Флорида Кис , на околу 25 километри од Мајами. Спасувачите опишуваат ситуацијата како хуманитарна криза.

 

 Околу 10 илјади луѓе се решија да останат таму наместо да се евакуираат.

Спасувачите проверуваат колку од 42-та моста ,кои ги соединуваат  островите, може да се користат. Областа ќе остане одвоена додека не биде направена проценка на штети и ризиците.

Воздухопловните сили и националната гарда организираат големата спасувачка операција за надминување на штетите од ураганот, пишува “Miami Herald”.