Флоријан Вирц: Најголемата и најскапата бомба во 2025 година?!

од Vladimir Zorba
31 прегледи

Германскиот бисер Флоријан Вирц потенцијално ќе биде најголемата и најскапата бомба на летото 2025 година.

Речиси никој не очекува Вирц да остане кога Чаби Алонсо ќе го напушти Баер Леверкузен, што секако ќе се случи на лето, кога Шпанецот најверојатно ќе го замени Карло Анчелоти.

Очекувано како потенцијална дестинација се споменува Реал Мадрид, но доверливиот новинар Марио Кортехана истакнува дека Флорентино Перез нема намера да ги исполни барањата на Баер и да плати над 100 милиони евра за германскиот репрезентативец.

Иако во Вирц гледаат засилување како Џуд Белингем кој е платен 100+ милиони, Реал смета дека Германецот не вреди толку пари.

Но затоа во игра има повеќе клубови кои ќе бидат во трка до самиот крај, а пред се – Баерн Минхен и Манчестер Сити. Баерн одамна е познат како ловец на сите најдобри играчи од Бундеслигата, особено ако се репрезентативци, а сите во Баварија фантазираат за тандем Мусијала-Вирц.

Од друга страна, Пеп Гвардиола ќе мора да го освежи тимот, извесно е дека Кевин Де Бруин ќе си замине, а потоа јасно е дека Вирц ќе биде прва мета.

Вирц и оваа сезона игра добро, на 19 натпревари постигна девет гола и додаде четири асистенции, а „Трансфермаркт“ го цени на 130 милиони евра.

Германските медиуми посочуваат дека мали се шансите да има поскап трансфер во 2025 година, прашање е само – каде ќе заврши Флоријан Вирц?

Слични содржини