Фоките им помагаат на научниците во истражувањето на климатските промени

од Stefanija Kuzmanovska

Научниците на Антарктикот истражуваат како климатските промени на тој континент влијаат на остатокот од светот, но поради недостапните делови и многу ниските температури од минус 100, тие во истражувањето вклучија и фоки.

„Водните цицачи успеваат да преживеат цела година во ледена клима и нуркаат до 914,4 метри под површината на водата“, рече океанографот и водач на проектот Ларс Боеми, додавајќи дека на главата на фоките се поставени сензори за да се увид во навиките на фоките и екологијатам но и да се соберат податоци за недостапните делови на океанот, пренесува Си-Ен-Ен.

Членовите на тимот имаат залепено сензор со големина на паметен телефон за крзното на задниот дел од главата, и додека фоките пливаат во океанот, уредот собира информации за длабочината, температурата и соленоста на водата на различни локации.

„Процесот не им штети на животните и не влијае на нивниот социјален живот“, рече Боеми, додавајќи дека самите уреди паѓаат по една година.

Истражувањето е иницирано од Единицата за истражување морски цицачи на Универзитетот Сент Андреј во Шкотска, а глечерот на островот Пајн, каде што беа собрани овие податоци, е еден од најбрзо топените ледени глечери во регионот што може да придонесе за глобален пораст на нивото на морето, пренесува „Танјуг“.

Иако научниците знаат дека топењето на мразот ќе влијае на глобалното опкружување, употребата на фоките и собирање податоци може да им помогне на научниците ширум светот да научат повеќе за животната средина на Антарктикот и како тоа може да влијае на климатските промени.

Слични содржини