До крајот на работното време на судот обвинителите од Основното јавно обвинителство во Скопје поднесоа 21 жалба против одлуката на судот да се издвојат снимките од предметите за прислушувањето-пренесе Фокус.

obvinitelstvo

Откако судијата на претходна постапка Славјанка Јанкоска донесе одлука со која тврди дека снимките се обезбедени на незаконит начин обвинителите очигледно не можат да се согласат со таквата констатација.

Ако се земе предвид дека има вкупно 27 предмети кои се однесуваат на прислушувањето, тогаш со бројката од 21 жалба се потврдува дека поголем дел од обвинителите се против обидот на судот пред нив да истрча со оценка за случајот. Ако пак се знае дека рокот за жалби истекува на полноќ тогаш е можно да стигнат жалби по сите предмети.
Повеќе ТУКА

Слични содржини