Фолксваген мора да плати обештетување на сопствениците на дизел возила

од Vladimir Zorba

Германскиот автомобилски гигант Фолксваген во принцип мора да им плати обештетување на сопствениците на автомобили погодени од скандалот со емисијата на штетни гасови („дизелгејт“), пресуди водечкиот германски суд во понеделникот.

Сумата што компанијата треба да ја плати на германските возачи ќе зависи од километражата на автомобилот, соопшти федералниот суд.

Пресудата поставува значаен преседан за десетици илјади луѓе кои купиле возила со уреди кои лажно прикажуваат емисии на гасови, во скандалот што ги потресе Фолксваген и поширокиот автомобилски сектор од септември 2015 година.

Во судска постапка од југозападната германска држава Рајнланд-Палатинат, еден возач бара целосно рефундирање од Фолксваген за околу 31.500 евра како компензација за користен автомобил купен во 2014 година, пренесува ДПА.

Слични содржини