„Фолксваген“ во 2026 година ќе ја произведе последната генерација мотори со внатрешно согорување со брендот „VW“, изјави главниот стратег на компанијата, Мајкл Џост.

Портпаролот на „Фолксваген“ потврди дека ова значи оти „VW“, најдобро продаваната марка на патнички автомобили во Европа и Кина, во иднина ќе се фокусира на производство на електрични автомобили.

„Фолксваген“ изработи стратегија за фокусирање на бизнисот кон електрични автомобили по скандалот од 2015 година со манипулација со емисиите на штетни гасови, поради што компанијата мораше да плати повеќе од 27 милијарди евра во име на казни за прикривање на прекумерното загадување. 

Слични содржини