„Фолксваген“ во Кина: Инвестиција од 15 милијарди евра за електрични возила

од Vladimir Zorba

Германскиот производител на автомобили „Фолксваген“ (VW) денес објави дека планира до 2024 година да инвестира околу 15 милијарди евра во производство на електрични возила во Кина, најголемиот пазар на автомобили во светот, заедн со три кинески компании.

VW ќе изгради 15 електрични и хибридни модели со три компании што ги основа со кинеската групација FAW, SAIC Motor и JAC во Кина до 2025 година, кои имаат електричен мотор и стандарден мотор со внатрешно согорување, објави Ројтерс.

Германскиот гигант во октомври ќе започне со производство на електрични возила базирани на добро познатата платформа VW MQV во две кинески фабрики.

loading...

Слични содржини