Фолксваген забележа рекордна заработка

од Vladimir Zorba

За Фолксваген, кoрoната заврши, барем во деловна смисла, бидејќи тие поставија рекорд со рекордни оперативни приходи во првите 6 месеци од оваа година.

Фолксваген забележа рекорден оперативен профит од близу 11,4 милијарди евра во првата половина од годината, што е потврда дека ги надмина ефектите од пандемијата на коронавирус.

Најголемиот европски производител на автомобили објави дека овој резултат е постигнат „и покрај предизвикувачката средина што сe уште постои“, дури и по загубата од речиси една и пол милијарди евра на почетокот на годината.

Оперативните приходи во првата половина од годината ја надминаа вкупната заработка во 2020 година.

По намалувањето на данокот, на Фолксваген иm останува добивка од 8,4 милијарди евра, додека во истиот период минатата година беше во минус за повеќе од милијарда евра, потсетува агенцијата ДПА. Прометот се зголеми за повеќе од една третина и ја надмина вредноста од 130 милијарди евра.

Директорот на компанијата, Херберт Дајс, рече дека продажбата на поскапи модели со профитна маргина од над 10% е „особено добра“.

Компанијата објави оптимистичка деловна прогноза за крајот на годината, со заработка од 7,5 проценти од вкупниот промет во споредба со претходно очекуваните шест проценти.

„Порше“, исто така, најави поповолна прогноза за оваа година, со заработка од 3,4 до 4,9 милијарди евра по оданочување. Претходно, очекуваше 2,6 до 4,1 милијарди евра.

Слични содржини