Фон дер Лајен и Вучиќ најавија гасно поврзување на Србија со Македонија

од Берта Китинска

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен денеска во Србија изјави дека процесот на проширување е заснован на заслуги и дека е во рацете на земјата која сака да се приклучи на ЕУ, но и дека е важно да се усогласи со ЕУ. Надворешната и безбедносната политика бидејќи, како што се вели, оди рака под рака.

Фон дер Лајен и српскиот претседател Александар Вучиќ за време на обиколката на работите на изградбата на гасниот интерконектор Ниш – Димитровград во Јелашница најавија дека Србија ќе изгради гасна конекција со Северна Македонија, која ќе чини над 70 милиони евра.

-Господине претседателе, вие ми објаснивте дека тоа е многу важно, а тоа е изградбата на гасен интерконектор меѓу Србија и Северна Македонија, со што регионот ќе се комплетира. Сето тоа е во нашите проекти – изјави Фон дер Лајен.

Вучиќ на претседателката на Еврокомисијата и пренесе дека за Србија е многу важна оваа интерконекција и дека треба да се изградат околу 70 километри гасовод кон Северна Македонија од српска страна, а земјава да изгради уште 23 километри.

-Јас молам за овој проект, кој комесарот Оливер Вархеји и претседателката на ЕК, Урсула, веќе го прифатиле со Северна Македонија. Многу ни е важно со ова да стартуваме што поскоро, бидејќи денес во Скопје постои гасна електрана и ние и да имаме гас, не можеме директно да одиме со Македонците, туку преку Бугарија, па комплетен реверсен дел да правиме со нив и сето ова ни е многу важно – изјави Вучиќ.

Слични содржини