Фон дер Лајен и Вархеји доаѓаат во Скопје

од Берта Китинска

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен утре ќе допатува во посета на Република Македонија.

Фон дер Лајен ќе биде пречекана од премиерот Зоран Заев на платото пред Владата.

Според агендата, предвидено е двете делегации да заминат во Младинскиот културен центар, каде, по настанот предвиден во фоајето на МКЦ, ќе се упатат кон Кино Фросина каде ќе се одржи заедничка прес-конференција на премиерот Заев и претседателката на ЕК фон дер Лајен.

Воедно потврдено е дека и еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји, во среда ќе отпатува за Скопје.

Информацијата ја потврдија службите на Европската Комисија.Програмата на посетата сѐ уште се финализира но извесно е дека тој ќе се сретне со премиерот Зоран Заев.Вархеји минатата недела беше во Бугарија каде разговараше за надминување на бугарската блокада за почеток на преговорите со Северна Македонија во ЕУ.

Извор: МИА

Слични содржини