Фон дер Лајен: Можно е 70% од возрасната популација во ЕУ да биде вакцинирана до крајот на јули

од Nikola Popovski

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен денес изјави дека до крајот на викендот ќе бидат доставени доволно вакцини во земјите-членки за да можат 70 проценти од возрасната популација да бидат вакцинирани до крајот на овој месец, наместо до есен, како што беше првично планирано.

„До утре, околу 500 милиони вакцини ќе бидат дистрибуирани во регионите на Унијата“, рече таа.

Во исто време, Фон дер Лајен предупреди дека кризата со Ковид-19 сè уште не е надмината, но Европската комисија е подготвена да испорача повеќе вакцини, вклучително и против новите соеви.

„Земјите-членки сега мора да сторат се што е можно за да се зголемат вакцинациите“, рекла таа.

Слични содржини