Фон дер Лејен: Цените на гасот паднаа кога обединето се одвоивме од Русија

од Stefanija Kuzmanovska

Зголемените цени на гасот во Европа, кои скокнаа откако Русија престана да испорачува енергенси, паднаа во моментот кога Европската унија и нејзините сојузници одлучија да преземат конкретни мерки за подобрување на ситуацијата, изјави денеска претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен.

„Во моментот кога дејствувавме обединето, за да се дистанцираме од Русија, цените на бензинот паднаа“, рече Фон дер Лејен за време на посетата на норвешката гасна платформа во Северното Море, пренесе „Ројтерс“.

Лидерите на НАТО и на Европската комисија денеска пристигнаа на платформата „Трол А“ за да разговараат за набавката на енергенти и инфраструктура, нагласувајќи ја важноста на Норвешка за снабдување со гас, по рускиот напад на Украина.

Слични содржини