Фон дер Лејен: Иранската револуционерна гарда да се стави на списокот на терористички организации

од Stefanija Kuzmanovska

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен денеска изјави дека го поддржува ставањето на Иранската револуционерна гарда на листата на терористички организации, како одговор на кршењето на основните човекови права во Иран.

„Реакцијата на иранскиот режим на демонстрациите е страшна и ужасна. Тие ги газат основните човекови права. Размислуваме за нов пакет санкции, а во тоа би ја вклучил и Револуционерната гарда. Слушнав неколку министри кои го бараат истото што и јас“, рече Фон дер Лејен, пренесе „Ројтерс“.

Голем протест избувна во Иран во септември, по смртта на младата Иранка Махса Амини (22) во полициски притвор.

Слични содржини