Фон дер Лејен во Сараево: Ова е моментот за БиХ, ве охрабрувам да го искористите

од Stefanija Kuzmanovska

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен, повтори дека Европската унија сака Босна и Херцеговина да стане нејзина членка. Таа најави финансиска помош за енергетскиот сектор на Босна и Херцеговина.

Зборувајќи пред политичарите, претставниците на граѓанското општество, културните работници и новинарите во Домот на вооружените сили во Сараево за препораката на Европската комисија за доделување кандидатски статус на Босна и Херцеговина, Фон дер Лејен рече дека тоа е успех на самата Босна и Херцеговина и дека може да се гордее со тоа. Како што рече, Босна и Херцеговина е иднината на Унијата.

„Затоа дојдов да им порачам на сите граѓани: Вие сте иднината на ЕУ и вашата иднина е Европската Унија. Ова не е само затоа што ја постигнавте препораката за кандидатски статус, туку и затоа што длабоко верувате во ЕУ. Три четвртини од населението го поддржуваат членството и тоа е мнозинство во целата земја“, истакна Фон дер Лејен.

Таа се осврна на статусот на младите во Босна и Херцеговина, потсетувајќи дека повеќето од нив веруваат во ЕУ. Таа им порача на политичарите дека можат да ги остварат соништата на младите.

„Вие сте новото раководство на земјата што може да ги исполни своите соништа. Вие сте клучот за тоа. Земјата има генерациска можност да оди напред. Ова е моментот за Босна и Херцеговина. Сакам да ве охрабрам да го искористите моментот“, рече таа.

Слични содржини