Фон дер Лејен денеска во Баку, ќе разговара за увозот на гас

од Stefanija Kuzmanovska

Претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон дер Лејен денеска ќе отпатува за Баку, каде ќе се обиде да обезбеди значителен увоз на природен гас од Азербејџан.

„Бидејќи Русија интензивно ги користи своите енергетски резерви како оружје, диверзификацијата на нашиот увоз на енергија е приоритет за ЕУ. Претседателката Фон дер Лејен и комесарот за енергетика Кадри Симсон денеска ќе бидат во Азербејџан за дополнително зајакнување на соработката“, беше објавено Твитер профилот на ЕК, пренесе „Ројтерс“.

Според нацрт-документот од 14 јули, ЕК им предложила на земјите од ЕУ договор со Азербејџан за зголемување на увозот на природен гас и за проширување на гасоводот за да се овозможи тоа, наведува британската агенција.

Слични содржини