Фон дер Лејен до Украина: Забрзајте ги реформите во борбата против корупцијата

од Stefanija Kuzmanovska

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен денеска ја повика Украина да ги забрза реформите во борбата против корупцијата.

И тоа со уверување на земјата во поддршката на дваесет и седумте држави на „долгиот пат“ до членство во Европската унија.

Фон дер Лејен им се обрати на украинските пратеници преку видео врска.

Претседателката на Европската комисија ги пофали реформите спроведени во Украина и институциите кои беа воспоставени, со цел да се создаде „импресивна машина за борба против корупцијата“.

„Но, сега на овие институции им треба капацитет и вистински луѓе на одговорни позиции“, рече Фон дер Лејен.

Слични содржини