Фон дер Лејен: ЕК е целосно посветена на интеграцијата на Западен Балкан

од Vladimir Zorba

Претседателот на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен, во Словенија посочи дека се целосно посветени на „поддршка на Западен Балкан на европскиот пат“.

На заедничката прес-конференција со словенечкиот премиер Јанез Јанша во Брдо кај Крањ, по повод преземањето на претседателството на Словенија со Европскиот совет, Фон дер Лејен изјави дека се согласува со Јанша за проширување на ЕУ кон Западен Балкан.

Јанша рече дека проширувањето на ЕУ е еден од приоритетите на словенечкото претседателство и дека тоа е одговор на стратешките предизвици.

„Како вас, Комисијата е целосно посветена на поддршката на Западен Балкан на неговиот европски пат. Ние исто така сме посветени на постигнување напредок во процесот на проширување на ЕУ со официјално отворање на преговорите за пристап со Албанија и Северна Македонија“, рече Фон дер Лејен.

Таа го поздрави самитот ЕУ-Западен Балкан во октомври, за време на словенечкото претседателство.

„Тесно ќе работиме на долгорочното закрепнување и стабилност на тој регион“, рече фон дер Лејен, посочувајќи дека на оваа тема разговарала и со Јанша.

Слични содржини