Фон дер Лејен: Европа треба да се подготви за прекин на испораката на руски гас

од Stefanija Kuzmanovska

Европа треба да се подготви за целосен прекин на испораката на руски гас, изјави претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон дер Лејен.

„Русија во моментов делумно или воопшто не доставува гас до 12 земји-членки на ЕУ. Затоа, Европа мора да биде подготвена за најлошата опција: целосен прекин на испораката на гас порано или подоцна“, изјави Фон дер Лејен за ДПА, пренесува ТАСС.

„Дури и земјите-членки на ЕУ кои не се снабдуваат со гас од Русија не можат да ги избегнат последиците од потенцијален прекин на испораката на гас на нашиот внатрешен пазар“, предупреди таа и посочи дека економиите на ЕУ се испреплетени, поради што гасната криза во одредена форма ќе ги погоди сите земји членки.

Слични содржини