Фон дер Лејен најави средби со Хоти и Вучиќ

од Vladimir Zorba

Претседателот на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен, најави дека ќе се сретне со премиерот на Косово, Авдулах Хоти и со претседателот на Србија, Александар Вушиќ, за прв пат од избувнувањето на пандемијата на коронавирус.

Како што напиша на Твитер, таа ќе се сретне со Хоти во четврток наутро, додека средбата со Вучиќ е предвидена за во петок наутро.

„Првата физичка посета од избувнувањето на коронавирусот. Со нетрпение очекувам да се сретнам со косовскиот премиер Хоти, вечерва, како и со српскиот претседател Вучиќ во петок наутро. Важна можност да разговараме за реформите потребни за да се продолжи европскиот пат на нашите балкански партнери и долгорочно закрепнување на целиот регион“. напиша фон дер Лејен.

Слични содржини