Фон дер Лејен: Ставот на Пекинг за војната во Украина – одлучувачки фактор за односите меѓу ЕУ и Кина

од Stefanija Kuzmanovska

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен, денеска изјави дека односот на Кина кон војната во Украина ќе биде „одлучувачки фактор за односите меѓу ЕУ и Кина“.

„Кина, како постојана членка на Советот за безбедност на ОН, имаше одговорност да одигра конструктивна улога во промовирањето на мирот заснован на територијалниот интегритет на Украина, со повлекување на руските сили“, рече претседателката на ЕК.

„Секој мировен план кој ги зацврстува руските анекси едноставно не е одржлив план“, рече Фон дер Лејен во говорот во Брисел пред нејзиното патување во Пекинг, пренесе „Ројтерс“.

Слични содржини