Актуелно
Почетна / TOP NEWS / Форбс: Ангела Меркел најмоќна жена во 2019 година

Форбс: Ангела Меркел најмоќна жена во 2019 година

Германската канцеларка Ангела Меркел ја предводи овогодинешната листа на Форбс за „Најмоќна жена во 2019“. Секоја година Форбс креира листа, составена од највлијателните женски лидери во светот, од областа на бизнисот, политиката и забавата.

Меркел веќе деветта година по ред ја предводи листата на Форбас за најмоќна жена, а изданието ја пофали „нејзината челична резервираност, од тоа да се спротистави на Доналд Трамп до тоа да дозволи влез на повеќе од милион сириски бегалци во Германија“.

На второ место на листата е претседателката на Европската централна банка Кристин Лагард, која претходно беше директорка на Меѓународниот монетарен фонд. Зад неа е Ненси Пелоси, која е првата жена – претседателка на американскиот Конгрес од 2007 година.

Тинејџерката Грета Тунберг, која „Тајм“ ја прогласи за личност на годината, на листата на Форбс е на 100. место.

loading...