Форбс: Меси најплатен спортист во светот – 127 милиони долари годишно

од Vladimir Zorba

Фудбалерот на Барселона, Лионел Меси, со 127 милиони долари годишно, е најплатениот спортист во светот според листата на „Форбс“.

Меси е на таа листа пред колегата од Јувентус, Кристијано Роналдо (109 милиони) и Нејмар од Пари Сен Жермен (105).

Зад фудбалската триојка се боксерот Канело Алварез, 94 милиони, тенисерот Роџер Федерер (93,4), Расел Вилсон (89,5) и Ерон Роџерс (89,3) – двајцата од НФЛ, кошаркарите од НБА Леброн Џејмс (89) , Стеф Кари (79.8) и Кевин Дурент (65.4), голферот Тајгер Вудс (63.9) …

Слични содржини