Форбс: Недоволно тренирани, недоволно снабдени дузини Руси во Украина смрзнуваат до смрт

од Nikola Popovski

„Недоволно тренирани, недоволно снабдени, и со амбивалентно водство, дузини Руси во регионот се смрзнуваат до смрт“, пишува „Форбс“, осврнувајќи се и на шокантните видеа на социјалните мрежи.

Напоредно со известувањата од фронтот и снимките од социјалните мрежи кои потврдуваат дека голем број руски војници умираат од премрзнатост во Украина, се шират и шпекулации дека Путин има намера да спроведе нова мобилизација по новогодишните празници.

Валериј Соловеј, контроверзен руски аналитичар и поранешен професор на престижниот Институт за меѓународни односи во Москва, тврди дека намерата на Путин е по Нова Година да мобилизира до два милиона војници, вклучително 300.000 жени.

„Намерата е да се мобилизираат не 300.000, не 400.000, или 500.000, туку, со среќа, до 2 милиона луѓе, вклучувајќи 300.000 жени, по новогодишните празници“, ја пренесува изјавата на Соловеј Дејли Мејл.

Слични содржини