Форд и Ред Бул работат на ново „стратешки важно“ електрично возило

од Vladimir Zorba

Веќе се зборуваше за соработка меѓу Форд и Ред Бул во Формула 1, при што Форд ќе испорачува мотори на Ред Бул од 2026 година.

За потсетување, двете компании ќе почнат да работат на новиот блок согласно новите технички прописи. Ова ја вклучува потребата од електричен мотор од 350 kWh во комбинација со мотор со внатрешно согорување.

Но, партнерството на Ред Бул и Форд не завршува тука. Извршниот директор на Форд, Џим Фарли, изјави за американските медиуми дека Форд, исто така, работи на електрично возило со Ред Бул.

На прашањето од MotorTrend за интересот на Форд за Формула 1, Фарли рече: „Бев на рецензија со веројатно нашето најважно стратешко електрично возило и се свртев кон мојот тим кој го развива ова во тајност, и прашав: „Еј, кој работи на аеродинамиката поврзана со ова? И го добив одговорот „Ах, оние од Ред Бул. Формула 1“.

Тој одговор е отворен за толкување. „Стратешки важно EВ“ може да значи многу работи; можеби сосема нов модел, нов концепт или дури и демонстратор на перформанси EВ.

Во меѓувреме, Форд наводно веќе го подготвува F-150 Lightning со високи перформанси.

Слични содржини