Формиран локалниот економско-социјален совет на општина Гази Баба

од Vlatko K

Локалниот економско-социјален совет на Општина Гази Баба повторно се формира. Тоа значи дека наредниве четири години, општината заедно со фондацијата Фридрих Еберт – Скопје, заеднички ќе работат на прашањата за развивање и унапредување на социо-економската положба на работниците и на граѓаните на општина Гази Баба.

Како што информираат од општината, преку овој совет, работодавачите, синдикатите, локалната власт и организациите од граѓанскиот сектор ќе дејствуваат за развој на општеството, односно ќе придонесат кон ефикасен систем на воспоставување на пристојни услови за работа на сите и тоа преку конструктивен дијалог на една маса.

Со тоа на едно место сите релевантни чинители и работниците ќе ги отворат темите поврзани со условите за работа и ќе даваат предлози со цел да се подобрат, да бидат ефикасни и достојни за работникот.

Општина Гази Баба соопштува дека и понатаму ќе биде отворена општина за сите, ќе се залага секогаш да биде посредник меѓу институциите, невладините и граѓанските организации и граѓаните, со цел да придонесе за подобар живот на сите граѓани.

Слични содржини