ФОРМУЛА 1 ЈА ДОБИ НАЈБРЗАТА ПАТЕКА: Просечната брзина на болидот ќе биде 250 км/ч (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Градската патека во Џеда (Саудиска Арабија) ќе биде најбрзата улична трка во Формула 1. Ова беше истакнато на презентацијата на ГП на Саудиска Арабија, кое ќе се одржи од 3 до 5 декември.

Патеката е долга нешто повеќе од шест километри и ќе има 27 кривини. Болидите ќе можат да развиваат просечна брзина од 250 километри на час на оваа патека.

Патеката е дизајнирана од Формула 1 и Херман Тикл. Ќе се вози под рефлектори и ќе биде втора улична трка во Формула 1 по Сингапур што се вози ноќе.

Слични содржини