Формула 1 планира да започне обложување во живо

од Vlatko K

Американските сопственици на Формула 1, „Либерти Медија“ објавија нов договор за спонзорство со Interregional Sports Group (ISG) во вредност од сто милиони долари за период од пет години. ISG ќе помогне за ставање на услуга за спортско обложување во живо за време на трките од Ф1.

За разлика од претходниот сопственик Берни Еклстоун кој не сакаше да го поврзува Ф1 со обложување, „Либерти Медија“ се целосно отворени кон овој нов извор на финансиски приходи.

„Ф1 се радува да биде партнер со ISG кои покажуваат импресивни глобални можности при работа со Серија „А“ и Ла Лига, рече комерцијалниот директор Шон Братчес.

„Исто така сме многу среќни да работиме со ISG и Sportradar врз собирањето на податоците кои се генерирани на секое Гран при. Слични партнерства за податоци и спонзорства се стандардна практика во речиси сите премиум спортови, па ова е уште еден чекор во нашата мисија да ја направиме Формула 1 водечки спортски настан“.

„Договорот ќе ни овозможи да развиеме нови возбудливи начини Ф1 фановите да се вклучат во најатрактивниот тркачки спектакл“, додава Братчес.

Слични содржини