636
Формула 1 претрпе големо проширување во последните години. Речиси сите трки се распродадени, а интересот е неверојатен. Сепак, има една патека во најбрзиот караван што чинеше многу, а сега е празна.
Изградбата на Меѓународниот круг на Кореја чинеше „скромни“ 350 милиони евра. На оваа патека се одржаа четири трки од шампионатот во Формула 1 Последниот пат беше во 2013 година.
Ова се очекуваше да донесе големи придобивки за Јужна Кореја. Имаше 120 илјади седишта. Сепак, никогаш не беше полна во текот на четирите години.
Многумина сметаат дека проблем бил и фактот што е оддалечена 317 километри од Сеул.
Шампионатот во Формула 1 започнува со Големата награда на Австралија во недела во 5 часот наутро.